На прес конференцијата на пратеничката од СДСМ Лолита Ристова за ИПАРД 3 програмата, реагираше Цветан Трипуновски, претседател на комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство на ВМРО-ДПМНЕ.
Неколку вистини од кои СДС бега, а е главниот виновник за катастрофалната состојба во македонското земјоделство!
1. Вистината е дека земјоделството е една од најзначајните македонски гранки, НО неспособната СДС со своите политики успешно го уништува, како што ги уништува и сите останати гранки.
2. Вистината е дека неспособната СДС е причина што ИПАРД 3 стартува во септември 2023 наместо во март 2022 како што беа првичните најави.
3. Вистината е дека неспособната СДС е причина за истрагите на ОЛАФ во Платежна. Ќе кажете нешто за овие истраги или Вие не сте од тука?
4. Вистината е дека сте толку неспособни што секој еден ден плус поминат на власт значи пропаст за македонскиот земјоделец.