Тренчевска се сретна со пензионерите: Работиме на измени на законот, со што ќе се обезбеди повисока минимална пензија

Тренчевска-се-сретна-со-пензионерите-Работиме-на-измени-на-законот.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска во Владата се сретна со претставниците на координативното тело за протести на пензионерите. Рече дека Владата има слух за сите граѓани во државата и дека одржувањето на денешната средба, како и претходната во Министерството за труд и социјална политика се потврда за тоа.


Таа истакна дека веднаш по одржаната средба во Министерството за труд и социјална политика, беше формирана и работна група, со номинирани членови на сите засегнати страни, како и дека таа работна група редовно одржува состаноци на кои се разгледуваат сите пристигнати барања и предлози од здруженијата на пензионери, Партијата на пензионери и Сојузот на пензионери на Македонија.

„Работната група работи на креирање на краткорочни и на долгорочни мерки за пензионерите. Повторно како и претходната година ќе бидат креирани антикризни-социјални мерки како краткорочно решение и се работи на измени на законот за пензиско осигурување со кое ќе се обезбеди повисока минимална пензија. Тоа е системско решение како и претходното со усвојување на новата методологијата за усогласување на пензиите, со која се обезбедува постојан раст на пензиите“, истакна Тренчевска.

Министерката додаде дека преку методологијата пензиите за нецели две години пораснале за околу 24 отсто, а притоа, како што нагласи таа, се обезбедува и стабилност на пензискиот систем и редовна исплата на пензиите. Работната група кога ќе ги финализира предлозите ќе ги достави до Владата на усвојување и за тоа ќе биде известена јавноста, рече Тренчевска.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK