Тренчевска: Продолжуваме со работа која значи унапредување на квалитетот на живот на лицата со попреченост

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

По извршениот увид на Комитетот на Совет на Европа за превенција од тортура и нехумано или понижувачко постапување или казнување на институциите кои работат со згрижување на пица со интелектуална попреченост и нарушување на психичката состојба, беше презентиран прелиминарниот извештај пред Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска.



Воглавно на состанокот се разговараше за успешноста на процесот од деинституционализација и важноста од воспоставување на станбени единици кои ветуваат подобри услови за живот на лицата со попреченост. Главен фокус на состанокот беше поставен на Специјалниот завод во Демир Капија.

Министерката посочи дека работата кон подобрување на животот на лицата со попреченост продолжува и дека сите насоки ќе бидат земени во предвид во идните активности.

На крајот од состанокот претставникот на Комитетот на СЕ се заблагодари за отвореноста на Министерството за труд и социјална политика и на единиците во склоп на министерството истакнувајќи дека посетата се одвивала без никакви пречки и дека им бил дозволен пристап до сите информации и оддели во склоп на посетените институции.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK