Столтенберг на „Преспа форум“: НАТО секогаш ќе го избере патот што води кон надеж, демократија и мир

столтенберг
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Светот се наоѓа на крстопат, од каде едната насока води кон страв, опресија и војна, додека другата страна води кон надеж, демократија и мир. Тоа е патот кој НАТО секогаш ќе го одбере. Ова го истакна генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, во своето видео-обраќање на сесијата „Мир и демократија наспроти војна и автократија“ организирана од претседателот Република Северна Македонија, Стево Пендаровски во рамки на „Преспа форумот“ што е одржува во Струга.

Столтенберг потсети на договорот од Преспа, што овозможи пристапувањето на Северна Македонија во НАТО, но, како што рече, придонесе и кон добрососедски односи и ја отворила идината на земјата.


Според него, договорите како Преспанскиот се важен дел од меѓународниот поредок заснован врз правила, нагласувајќи дека таквите договори ја обезбедуваат слободата, овозможуваат напредок, отвораат перспективна иднина.

– Алтернативата на тоа е катастрофа, како што можеме да видиме во Украина. Руската инвазија врз Украина го уништи мирот низ Европа и темелно ја промени нашата споделена безбедност. Кога и да заврши војната во Украина, односите со Москва драматично се променети, а безбедносниот пејзаж во Европа никогаш повеќе нема да биде ист, рече генералниот секретар на НАТО.

Зборувајќи за процесот на зајакнување на руско-кинеските осноси, Столтенберг рече дека тие се „предизвик за нашата безбедност, нашите интереси и вредности“.

– Како што авторитарните режими ја зголемуваат својата соработка, дотолку поважно е оние што веруваат во слободата и демократијата да застанат рамо до рамо и да го промовираат мирот, да ја штитат споделената безбедност и да ги бранат глобалните правила. Тоа го покажуваме јасно преку институциите како ЕУ и НАТО, рече првиот човек на Алијансата.

За Северна Македонија генералниот секретар на НАТО рече дека е валиден сојузник, кој придонесува во мировната мисија во Косово која е од витално значење за безбедноста на Западниот Балкан, особено во време на зголемени тензии.

– Изминатите неколку дена нашата мисија на КФОР ја зајакнавме со стотици трупи, а Северна Македонија го зголеми буџетот за одбрана и дава поддршка на нашиот партнер Украина. НАТО може да смета на Северна Македонија и обратно. Јасен показател се авионите на НАТО кои во рамки на патролната служба го контролираат небото над земјата, рече Столтенберг.

Што се иднесува на прашањето за проширување на европското семејство до 2030 година, тој рече дека тоа не само што е возможно, туку и се случува во моментов.

– Следејќи ги стапките на Северна Македонија, Финска како одговор на руската инвазија се придружи на Алијансата. Сакам да ве уверам дека и шведското присоединување кон НАТО ќе биде комплетрирано што е мошно побрзо. Тоа важи и за Украина, сите наши сојузници се согласија земјата да стане дел од НАТО, а во Алијансата Русија нема право на вето, рече Јенс Столтенберг во видео обраќањето на „Преспа форум“ што се одржува во Струга.

На оваа сесија обраќање имаа и претседателот Стево Пендаровски, потоа претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ, претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ и на на Албанија, Бајрам Бегај.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK