Стојаноски: Македонскиот народ има сојузник во ВМРО-ДПМНЕ, уставни измени под бугарски диктат нема да има

bojan_stojanoski_234234
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Денешниот ден  и денешната седница би ги окарактеризирал како историски акт, каде мнозинството од македонскиот народ во ВМРО-ДПМНЕ најде сојузник преку кој го артикулираше својот став дека е против уставните измени. Денеска седуммината претставници на ВМРО-ДПМНЕ на комисијата гласаа против и ставија крај на сите шпекулации во јавноста, изјави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски за „Само вистина“ на Канал 5.

Стојаноски истакна дека затоа и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски го повика спикерот Џафери уште утре да ја закаже пленарната седница, да го стави предлогот на гласање и да пукне овој балон на шпекулации.


– Ние јасно кажуваме дека нема да ги поддржиме овие уставни измени под бугарски диктат, станува јасно дека владата нема двотретинско мнозинство. Има еден начин ова да добие разрешница, тоа е побрзо одржување на таа седница да не чекаме до 18 август, утре нека ја закажат, рече Стојаноски.

Стојаноски посочи дека постојано се бараат отстапки од Македонија, и ставот на ВМРО-ДПМНЕ е дека треба да важат Копенхагеншките критериуми како и за сите други, а не историјата.

Постојано од овој народ се бараат одредени отстапки за да влезе во европското семејство. вистинското прашање е дали тие не сакаат нас, колку ние што сакаме да бидеме дел од нив. Ние ќе почнеме да ги слушаме препораките како тие да направиме реформи во урнисаното правосудство кое има 1% доверба кај граѓаните, да си го средиме сопствениот двор и со тоа да ги убедиме најсилните членки да дозволат Бугарија да прави вакви бесмислени потези. Само треба да имаме шанса како сите други членки по реформите од Копенхаген, а не со тоа дали сме постоеле пред 45 година, истакна Стојаноски.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK