Стојаноски до Ковачевски: Дали сте свесни како оваа даночна реформа ќе ја зголеми сивата економија во државата?

bojan_stojanoski_3424343
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

„Јас имам три пратенички прашања и трите пратенички прашња ми се до претседтаелот на Владата, господинот Димитар Ковачевски. Сметам дека реалноста во оваа држава е толку поинаку, да она Вие што го кажавте и како што како соопштение ќе отиде по Вашите платени медиуми, кои што можеме да видиме дека рушат рекорди во рекламирање на Ваши објави и на оние објави кои што народот ги плаќа за да Вие се рекламирате. Но, сепак тие објави не можат да поминат кај граѓаните и јасно е сосема каква е ситуацијата барем од аспект на економијата“, рече пратеникот Бојан Стојаноски денес од собраниската говорница при поставување на пратенички прашања.

Стојаноски додаде дека се надева дека Ковачевски ги има проследено добро последните анкети на НДИ и ИРИ каде што меѓудругото има и економски показатели кои што се несоборливи.


„Па можеме да видиме дека првите пет најголеми проблеми кои што ги мачат граѓаните на Република Македонија се сиромаштијата и нискиот стандард, високите цени, економската состојба, ниските плати и пензии и невработеноста. Господине Ковачевски во анкетата на НДИ 63% од испитаниците се изјасниле дека најголем виновник за високите цени и за сиромаштијата во државата во однос на 63% е токму Владата која што вие ја предводите. Во анкетата на ИРИ можете да приметите еден сосема друг показател за којшто верувам дека секој оној кој што се занимава со водење на процеси или со економија би размислувал да даде оставка, а не да излегува и да ги соопштува ваквите податоци кои што Вие ги соопштувавте“, истакна Стојаноски.

Пратеникот Стојаноски нагласи дека 50% од испитаниците на анкетата се изјасниле дека им е полоша оваа година од претходната, а 39% кажале дека им е иста односно катастрофална. Тоа значи дека 89% од испитаниците не веруваат дека Ковачевски со неговата Влада може да испорача квалитетна економска политика.

„85% од испитаниците се уверени дека Република Македонија не иде во правилна насока. А, во првите пет најголеми проблеми во анкетата на ИРИ има една поставено прашање кое што вели вака – Дали Владата предводена од Димитар Ковачевски се ангажира да го реши првото прашање кое што е најзагрижувачки за граѓаните, а тоа е стандардот. Замислете 77% од граѓаните се изјасниле дека Владата на Димитар Ковачевски едноставно не прави ништо за да помогне во овој феномен“, појасни пратеникот.

Стојаноски укажа дека во неговите прашања ќе се задржи на даночната реформа на Владата во однос на даночењето, во проширувањето на даночната база, како и  сузбивање на сивата економија.

„Наместо да ги поддржите стопанствениците и граѓаните господине Ковачевски, Вие предлагате нови даноци на штета и на грбот на граѓаните и на стопанството. И сето тоа се прави заради тоа што Буџетот е празен, бидејќи парите се испокрадени. А, зошто се парите испокрадени? Не е заради тоа што се градат капитални инвестиции, не е заради тоа што е почнат кличничкиот центар во Скопје, или е почната реконструкцијата на болницата во Кичево, или во напредна фаза е болницата во Штип, или се градат автопати како што се ветуваа, туку тие пари се испокрадени за набавки во четири очи“, нагласи Стојаноски.

Тој го запраша Ковачевски зошто не ги слуша критиките на стопанството кои што се изричито против овој закон. Зошто не организира дебата јавна со коморите.

„Второто прашање господине Димитар Ковачевски, данокот на ДДВ, во тој закон се прави замена на тези каде што прехранбените производи им се додава едно зборче основни прехранбени производи. И кој е тука трикот кој што сакате Вие да го протнете? Велите целата таа лица на добрата и услугите кои што ќе се даночат повисоко за 5 или 13%, ќе ја објавиме во рок од пет месеци откако ќе се донесе законот. Што значи тоа? Тоа значи дека Владата сака во тие основни прехранбени производи да ви стави 5 или 6 артикли меѓу кои што шеќерот, солта, лебот и уште едно или две, додека сите останати производи цената ќе се покачи за 5 или 13%“, рече Стојаноски.

Пратеникот го запраша Ковачевски дали како претседател на Владата или пак министерот за финансии ќе ја објават листата на добра и услуги кои што ќе поскапат за минимум 5 или за 13% пред носење на законското решение.

„И третото прашање до претседателот на Владата е дали како претседател на Владата имате направено некаква анализа и сте свесни како оваа даночна реформа ќе ја зголеми сивата економија во државата“, го запраша Стојаноски претседателот на Владата, Димитар Ковачевски.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK