Средба на претседателот Пендаровски со Мирослав Јенча, помошник генерален секретар на ОН за Европа, Централна Азија и Америка

pendarovski 646
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Претседателот на државата Стево Пендаровски денеска во Вила Билјана во Охрид го примил Мирослав Јенча, помошник генерален секретар на Обединетите Нации за Европа, Централна Азија и Америка во Одделот за политички и мировни прашања, кој престојува во нашата држава по повод учеството на Преспа форум за дијалог 2023.


Како што соопштија од кабинетот на Пендаровски, на средбата биле разменети мислења за севкупните активности на нашата држава во рамки на Обединетите нации, како и за состојбите во регионот на Западен Балкан и поширикиот регион, во контекст на руската агресија врз Украина.

Претседателот Пендаровски изразил поддршка на севкупните напори на ОН во справувањето со глобалните прашања.

– Претседателот Пендаровски го истакна примерот на нашата држава, која со потпишувањето на Преспанскиот договор, под покровителство на Обединетите Нации, даде силен придонес за севкупната стабилност на регионот, стои во соопштението од кабинетот на Пендаровски.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK