СПМ: Лидерската средба се злоупотребува за евтина пропаганда

SPM
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

1 јуни 2023 

Социјалистичката партија на Македонија оценува дека неизјаснувањето по двата предлози изнесени на лидерската средба е показател дека кај СДС нема желба, капацитет, ниту подготвеност да се решава кризата во државата.


Социјалистичката партија на Македонија оценува дека лидерската средба се злоупотребува од СДС за ефтина прогаданда, а не за сериозен и одговорен пристап и барање решенија за проблемите.
СДС од почетните разговори пласира ставови и лаги, спинува дезинформации и шири лажна еуфорија  дека се е прифатено и ќе се водат преговори, без да се изјасни за многу конкретните предлози.
Со подметнувањето дека тие наводно подале рака и прифатливи предлози ја замајуваат јавноста со ефтина и провидна демагогија.
Меѓутоа, со ставот на нивниот политички патрон ДУИ дека нема намера да се повлече и дека останува во власта до измените на Уставот, преќутно поддржано и од СДС, јасно е дека договор нема и не може да има.

Затоа Социјалистичката партија на Македонија истакнува  дека проблемите единствено може и мора да се решат само со итни нови избори.

Социјалистичката партија на Македонија бара итна и неотповиклива оставка од октроираниот и лицемерен премиер Ковачевски кој потврди дека нема капацитет и способност да ја води владата и државата во процесот на евроинтеграции.
Со заминување на СДС и Ковачевски од политичката сцена ќе се овозможи волјата на народот да дојде до израз и да се изберат вистински национално определени лидери кои ќе ја управуваат државата во интерес на македонскиот народ и сите граѓани.

СПМ

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK