Спасовски за „Политика“: Просперитетот на граѓаните зависи од исполнувањето на обврските на државата, кои вклучуваат уставни измени

spasovski_234434233242
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

– Просперитетот на граѓаните зависи од исполнувањето на обврските на државата, кои вклучуваат уставни измени, бидејќи ова е чекор за иднината на државата. Парламентот е дом на демократијата, каде треба да преовладува мислењето што е во интерес на државата. Само декларативно, лицемерно е да се каже дека сакаме да бидеме во ЕУ без да преземеме политичка одговорност, вели министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во интервју за белградска „Политика“.

Според Спасовски, во овој период мора да се вложат максимални напори преку парламентарен дијалог да се постигне консензус за промена на Уставот.


– Опозицијата мора да се аклиматизира на европската клима и да се прилагоди на европските услови, да се ангажира и самокритички да ги преиспита своите постапки. Не е разбирлива политичката нефлексибилност со која се турка некаков архаичен модел, а пред се’ опозицијата покажува неодлучност и немање визија. Иако вметнувањето на Бугарите во Уставот на РСМ е трн во око, тоа го гледам како дополнителна вредност за нас – конечно да ја закопаме долгогодишната теза дека сме еден народ со нив, нагласува Спасовски.

Запрашан за тоа колку државата има направено во однос на борбата против корупцијата, Спасовски вели дека сега повеќе никој не е заштитен со закон.

– Драго ми е што стратешките партнери го препознаа тоа. Пред нас се економските и судските закони, спроведувањето на системските реформи, антикорупциската политика и зајакнувањето на владеењето на правото. Никој веќе не е заштитен со закон, па ни функционерите на актуелната власт. Во 2021 година откриени се 50 отсто повеќе кривични дела поврзани со корупција и спречени коруптивни дејствија вредни околу 149 милиони денари, додека во 2022 година откриени се 124 коруптивни дела за кои кривично се обвинети 164 сторители. Ова е доказ дека не само институциите ја помагаат борбата против корупцијата, туку и јавната свест на граѓаните, кои имаат поголема доверба во полицијата, вели Спасовски.

Во однос на прашањето колку за Северна Македонија значат членството во ОН и НАТО, како и стратешкото партнерство со САД во зачувување на нејзиниот територијален интегритет и суверенитет, Спасовски нагласува дека со овие партнерства и храбри државнички одлуки го заштитивме националниот идентитет, а со функционална политика на дијалог и разбирање, државата стана фактор на стабилност на Западен Балкан.

– Убеден сум дека ќе ја гарантираме безбедноста и стабилноста на територијалниот интегритет на државата, на регионално ниво, само со заокружување на евроатлантските интеграции на регионот и заокружување на демократската трансформација, вели Спасовски.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK