Спасовски: Оддаваме почит на ликот и делото на хероите – споменот за нив останува бесмртен

spasovski_3232424323
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

 – Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска во спортската сала „Бранители 2001“  во Крива Паланка го прогласи за отворен традиционалниот Меморијален фудбалски турнир посветен на споменот и незаборавот на загинатите припадници на МВР, хероите Момир Стојановски, Горан Стојановски и Јане Јакимовски во организација на „Здружение на членовите на фамилиите  на загинатите припадници на вооружените сили на Македонија -Херои на Македонија 2001“.







-Традицијата e вредност, длабоко вткаена во човековото постоење. Вредност  што не зближува едни со други, што ја дава онаа важна нитка на благородна почит што им помага на спомените да останат – бесмртни. Овој меморијален  турнир ја има токму таквата возвишена цел: повторно да не собере  и сите заедно да се присетиме на ликот и делото на луѓето што некогаш беа со нас, се радуваa и тагуваа заедно со нас, кои храбро и достоинствено ги положија своите животи за нас, за татковината -нашите другари, соборци и колеги Момир, Горан и Јане”, рече министерот Спасовски.

Тој во свое и во име на МВР оддаде должна почит на хероите и на нивните најблиски, со уверување дека спортскиот дух на оваа традиционална манифестација се најдобриот влог што ќе  овозможи нејзина долговечност.

Во спомен и сеќавање на загинатите припадници на МВР пред Спомен бистата на Одделението за внатрешни работи во Крива Паланка, министерот Оливер Спасовски придружуван од началникот на Одделот за специјални полициски операции Митко Даневски и началникот на СВР Куманово Бранко Ракиќ оддадоа почит и положија цвеќе.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK