Собраниска делегација на 61. Генерално собрaние на ПАБСЕК

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Делегација на Собранието на Република  Македонија во ПАБСЕК, предводена од Лидија Тасевска, а во чиј состав се и членовите Вјолца Адеми и Благица Ласовска, како и генералната секретарка на Собранието, Цветанка Иванова, учествуваат на Пролетното 61. Генерално собрaние на Црноморската организација за економска соработка (ПАБСЕК), што се одржува на 4 и 5 мај во Анкара, во организација на Големото народно собрание на Туркије.







По повод 30-годишнината од постоњето на ПАБСЕК, беше одржан и Самит на претседатели на парламенти на земјите членки на ПАБСЕК, на кој зеде учество и нашиот претседател, Талат Џафери.

На дводневната сесија, учесниците ќе расправат за низа прашања поврзани за организацијата и делувањето на ПАБСЕК.

При дискусијата во општиот дел, на тема: „Улогата на парламентарната дипломација во менувањето на глобалната динамика: развој, мир и стабилност“, Лидија Тасевска истакна дека Собранието на Република Северна Македонија игра важна улога во унапредувањето на дипломатските односи со другите земји и придонесувајќи за регионалниот и глобалниот мир, стабилност и развој. Учеството на Собранието во парламентарната дипломатија вклучува различни активности како што се меѓупарламентарни состаноци, меѓународни конференции и други форми на ангажман.

Собранието на  Македонија, исто така, игра важна улога во промовирањето на регионалната стабилност и соработка. Како членка на регионот на Западен Балкан, Собранието е активно вклучено во иницијативи и програми насочени кон зајакнување на регионалната соработка, промовирање на економскиот развој и решавање на споровите преку дијалог и преговори.

Тасевска, во својство на член, односно потпретседател на Комисијата за правни и политички прашања, во текот на расправата на тема: „Улогата на парламентите во унапредувањето на на економската безбедност во земјите членки“, наведе дека економската безбедност има основно значење за стабилно и просперитетно општество и парламентите играат најзначајна улога во неговото обезбедување. Парламентот, преку усвојување на соодветни законски решенија, ги утврдува правилата и границите во рамките на кои се обезбедува и економската сигурност, на земјата.

Вјолца Адеми, како член на Комисијата за економски, трговски и финансиски прашања, известуваше за Извештајот за Улогата на парламентите во подобрување на енергетската безбедност во земјите членки. Таа рече дека енергијата е основа на социо-економскиот развој и стабилнот, како и важен предуслов за човековото постоење. Енергетската безбедност, како основен предуслов за економски раст, ја гарантира националната безбедност. Во ова време, истакна таа, обезбедувањето на

еколошко, безбедно и континуирано снабдување со енергија, е еден од приоритетите на економскиот и социјалниот развој.

Свое обраќање во рамките на Комисијата за културни, образовни и социјални прашања, на темата за улогата на медиумите во социо-економскиот развој на земјите членки, имаше и Благица Ласовска.

Таа подвлече дека медиумите играат мошне значајна улога во информирањето, образованието и забавата на граѓаните и можат да имаат значајно влијание врз нивниот социјален и економски развој. Улогата на медиумите не е веќе ограничена само во нудење на информации, туку се проширува и во формирањето на јавното мислење, влијание врз политички одлуки и промовирање на социјални промени. Во овој контекст, медумите можат да имаат витална улога во унапредувањето на економскиот и социјалниот развој.

Генералното собрание го избра Петар Канев од Бугарија за потпретседател на ПАБСЕК за финансиски прашања, како и Џемал Озтурк од Туркије, за заменик на генералниот секретар за организациони прашања. На крајот на Пленарното заседание, следното шестмесечно претседателствување со ПАБСЕК, му беше предадено на Украина.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK