СДСМ: Зад концесиите за Иловица стои ВМРО-ДПМНЕ

sdsm_345353453534
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Зад концесиите за рудникот Иловица, стои ДПМНЕ и тоа му е јасно секому и истото е поткрепено и со документи.

Зоран Ставревски, Миле Јанакиевски, Љупчо, Димовски, но и сегашниот потпретседател на ДПМНЕ Владо Мисајловски се само дел од некогашните функционери кои дале согласност за рудникот во Иловица.


За разлика од нив Владата предводена од СДСМ уште од старт на мандатот презема чекори во насока на заштита на интересите и барањата на граѓаните и затоа рудниците не се отворени до ден денеска.

Во јуни 2019 Владата предводена од СДСМ го задолжува Министерството за економија да достави предлог одлука за едностран раскин на Договорот за концесија, а во декември истата година, истата Влада на СДСМ носи Одлука за едностран раскин на Договорот за концесија.

Само поради посветеноста на СДСМ, денеска се уште нема отворено рудници во Струмичко поле.

Тоа е вистината за концесиите, дозволите и одлуките за рудникот за бакар и злато во Иловица.

За разлика од ДПМНЕ кои ја втурнаа држават во судски лавиринти, СДСМ ќе продолжи да ги штити интересите на граѓаните.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK