СДСМ: Светска банка потврди дека владините мерки доведоа до едноцифрена инфлација

СДСМ-Светска-банка-потврди-дека-владините-мерки-доведоа-до-едноцифрена.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

„Економските мерки и политики на Владата предводена од СДСМ даваат резултати. Светска банка потврди дека владините мерки доведоа до едноцифрена инфлација“, велат од СДСМ.


„Светската банка очекува инфлацијата да продолжи да се намалува годинава и следната година, додека историски ниското ниво од околу 2% би се постигнало во 2025 година.

На среден рок се предвидува намалување на стапката на сиромаштија, намалување на невработеноста и невработеноста на младите, пораст на платите и пораст на БДП по глава на жител.

Потенцијалот на македонската економија за раст ќе се зголемува како што земјата се приближува кон ЕУ преку реформскиот пат за структурни реформи и јакнење на економијата.

СДСМ, како одговорна партија продолжува со мерки и политики за намалување на инфлацијата и за поттикнување на економскиот раст“, соопшти СДСМ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK