Со успешните економски политики на СДСМ, 2024 година ќе биде уште подобра, велат од владејачката партија преку соопштение.
„Платите, пензиите и инвестициите ќе продолжат да растат, економијата ќе се развива позасилено.
Економскиот раст оваа година ќе се забрза на 3,4%, инфлацијата ќе продолжи да се намалува на под 4%, а буџетскиот дефицит ќе биде помал.
Во Буџетот за 2024 година веќе се предвидени дополнителни 160 милиони евра за повисоки плати и дополнителни 170 милиони евра за повисоки пензии согласно новата методологија.
Со СДСМ платите и пензиите растат постојано и во сите сектори.
Просечната месечна плата по вработен СДСМ ја покачи на 39.000 денари или 630 евра. Во времето на ДПМНЕ просечната плата изнесуваше околу 22.000 денари.
Оваа година ќе има и ново зголемување на минималната плата.
Во изминативе 6 години, СДСМ ја зголеми минималната плата 4 пати. За само неколку години и во споредба со ДПМНЕ минималната плата СДСМ ја зголеми за над 100%.
Во споредба со времето на ДПМНЕ, СДСМ за 50% ја зголеми минимална пензија и за 50% ја зголеми просечна пензија.
Пензиите ќе продолжат да растат со СДСМ и оваа година.
Влијанијата на шоковите од енергетската и економската криза врз глобалните економии се уште се присутни, но антикризните мерки го даваат посакуваниот резултат.
СДСМ во тешки услови обезбеди историски најсилна економска поддршка за граѓаните од над 2,6 милијарди евра, додека во времето на ДПМНЕ поддршката за граѓаните беше НУЛА!
Со СДСМ има повеќе за сите“, се вели во соопштението на СДСМ.