СДСМ: Од 2017 година досега ги зголемивме платите на наставниците за 55 отсто

СДСМ-Од-2017-година-досега-ги-зголемивме-платите-на-наставниците.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

„СДСМ на дело покажува како се вреднува трудот и одговорната работа на наставниот кадар во образованието. Од 2017 година досега СДСМ ги зголеми платите на наставниците за 55 отсто“, вели СДСМ.



„Со зголемени почетни плати, коефициент на сложеност и минат труд, платите на наставниците со искуство денеска достигнуваат над 40.000 денари.

Од оваа година наставниците добиваат и 10.000 денари К15, односно регрес за годишен одмор, прв пат после 20 години.

Платите во образованието ќе продолжат да растат и понатаму, СДСМ обезбедува подобар животен стандард и подобри услови за работа“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK