СДСМ: Инфлацијата се намалува, ММФ прогнозира поголем раст на македонската економија

СДСМ-Инфлацијата-се-намалува-ММФ-прогнозира-поголем-раст-на-македонската.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







„Економските политики на СДСМ ги даваат очекуваните и конкретни резултати, инфлацијата се намалува, економијата бележи поголем раст. Инфлацијата се намалува во континуитет и со месеци, со тенденција до крајот на годината да се спушти под 5 отсто“, велат од СДСМ.

„Со мерките преземени од Владата предводена од СДСМ, стапката на инфлација во септември падна на 20-месечен минимум од 6,6 отсто, а наредната година треба да се врати на стапките од 2-3 проценти, како пред кризата.

Успешноста на економските мерки и политики на СДСМ е потврдена и од Меѓународниот монетарен фонд, кој ги подобри проекциите за македонската економија.

ММФ предвидува економски раст од 2,5 проценти за оваа година и 3,2 проценти за наредната 2024 година.

СДСМ, како одговорна партија продолжува со грижа за сите граѓани, продолжува да презема конкретни мерки и чекори што значат економски раст од една страна и заштита и унапредување на животниот стандард од друга“, соопшти СДСМ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK