Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата Дарко Каевски

vmro_dpmne_34535345
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

СДС да одговори дали Ковачевски им ветил на газдите од кланот Зајас партнерство со државни пари за нивните бизниси

СДС пропушти уште еден ден да се произнесе за реалните корупциски скандали кои ја тресат власта на ДУИ, во која тие се помалиот партнер. СДС се крие од јавноста, за да не ги даде одговорите и држи прес конференции со кои сака да ја дефокусира јавноста од реалните прашања.


СДС е должна да одговори како кланот Зајас успеал да се стекне со толкаво богатство и имот. Како внукот на Ахмети освен концесија за каменолом и хидроелектрана стана сопственик на трговски центар без да вложи денар. Да одговори како синот на Али Ахмети, Шкумбин Ахмети, заедно со внуците на Али Дрин и Бесијан влегуваат во бизнис од 35 милиони евра, за изградба на фотоволтаична централа од 60 MW, во реонот на Кичево. Дали Ковачевски ветил партнерство на државата зад овој проект на кланот Зајас? Дали со државни пари Ковачевски планирал да ги финансира бизнисите на Ахмети?

СДС се претворија не само во помал партнер, туку во целосно потчинет чирак на ДУИ. Мислат дека со дефокус ќе избегнат одговори, но многу се лажат. Одговорноста и казната ќе ги стигне.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK