Продолжение на 120. седница на Собранието


sobranie
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во Собранието денеска треба да се одржи продолжението на 120-та седница. Од дневниот ред на седницата се преостанати повеќе точки, меѓу кои Предлог-законот за данокот на солидарност, по скратена постапка, предлозите за именување на членови на Фискалниот совет на Република Македонија, како и Предлог-законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик, поднесен од пратеничката Моника Зајкова, во прво читање.

На дневен ред се и Предлогот за именување директор на Агенцијата за администрација, Предлогот за избор на член на Советот на јавните обвинители, Предлогот за именување претседател и членови на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги и услуги на управување со комунален отпад на Република Македонија.


Неразгледани се и точките – Фискална стратегија на Република Македонија за 2024-2028, Предлог на завршна сметка на Буџетот на Република Македонија за 2022 година, Предлог на одлука за испраќање на припадник на Армијата за учество во меѓународната операција на Организацијата на обединетите нации „УНИФИЛ“ во Република Либан.

Пратениците треба да дискутираат и за годишните извештаи за работата на Агенцијата за супервизија на осигурувања и на Агенцијата за супервизија на осигурување за состојбата и движењата на осигурителниот пазар, и двата за 2022 година, како и Годишниот извештај за извршените ревизии и за работата на Државниот завод за ревизија за 2022 година.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK