По првата средба со Габриел, не може да се добие целосен впечаток за позициите на новото бугарско раководство, смета Османи

osmani_#45344444
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

– Министерот за надворешни работи Бујар Османи смета дека по вчерашната прва средба со бугарската колешка Марија Габриел, која освен шеф на дипломатијата е и вицепремиерка, не може да се добие целосен впечаток за позициите на новото бугарско раководство.

Османи, како што соопшти денеска на прес-конференција, во текот на разговорите со Габриел кажал дека во Северна Македонија и во Бугарија постојат политичари кои можеби и се координирани меѓу себе за да ги минираат односите.


– Зборувавме и за уставните измени, информирав до каде е процесот. Кажав дека очигледно во двете земји постојат политичари кои можеби и се координирани меѓу себе за да ги минираат односите, бидејќи некако, изјавите премногу временски коинцидираат – како дава изјава некој порадикален бугарски политичар, веднаш нашите реагираат. Немам докази и не е моја работа да најдам докази, но чувството ми е дека можеби веднаш си го препознаваат моментот за да профитираат политички и дека е важно барем официјалните претставници на државите да имаат позитивни пораки, почеста координација за полека да се создаде доверба, зашто кога има доверба, потоа се излгеда полесно, рече Османи, кој со Габриел се сретна  во рамки на годинашниот Дубровник форум.

На средбата, информира, било заклучено дека очигледно само политичките релации ги обременуваат сите други останати односи меѓу Северна Македонија и Бугарија.

-Ова беше првата средба, веројатно не може целосен впечаток да се добие за позициите на новото раководство. Но, мислам дека за прва средба, беше коректна. Прво разговараме за потребата од интензвирање на политичката комуникација на сите нивоа. За жал, и секторската комуникација страдаше во овие политички динамики, разговаравме работните групи да се вратат во функција за редовно да се среќаваат, разговаравме за коуникацијата меѓу бизнисите и луѓето. Очигледно само политичките релации ги обременуваат сите други останати односи со Бугарија. Се договоривме и политичката комуникација да ја проодбриме, за да и помогнеме на севкупната комуникација, истакна Османи, одговорајќи на новинарски прашања.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK