„Ова е Македонија за сите“ во посета на Вевчани, Карбинци и Босилово

site_67575675656
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

– Денес продолжуваме со средбите со жителите на општина Вевчани, а после тоа ќе ги посетиме населените места Ташмаруништа и Луково. Општина Вевчани е најмалата општина во Република Македонија, но е вистински природен бисер во овој дел од државата кој што изобилува со многу природни убавини, истакна пратеникот Мирче Аџиоски при посета на општина Вевчани што е дел од теренска активност на ВМРО-ДПМНЕ насловена „Ова е Македонија за сите“.







Аџиоски додаде дека за жал власта наместо да ги помага помалите општини кои што располагаат со скромни буџети, за власта најважно е да ги исплати авансите, провизиите, пеналите во вредност од 300 милиони евра за автопатишта за кои што и самата не знае каде ќе се изградат.

-Наместо да ги крадат тие 300 милиони евра треба да ги помагаат општините преку проекти кои што ќе го подобрат животот на граѓаните, нагласи пратеникот.

Пратеничката Рашела Мизрахи при посета на Карбинци, посочи дека самопрогласениот ,,патриот” во обид и неговите црвени елеци како низ цела  Македонија така и во Карбинци направиле тотален хаос, оставајќи го народот да тоне во очај и безнадежност.

-Нема субвенции за сточарите, поскапено е ѓубривото, поскапена е храната за добитокот, инфлацијата ги јаде примањата, нема кадар во училиштата, нема градинки…нема живот. Градоначалникот и покрај остриците на централната власт успешно се справува со сите предизвици, од локални патишта до чиста вода за жителите. Јасно е, народот знае дека мора да заминат. А потоа, заедно ќе поправиме се’. Затоа што ова е нашиот дом. Ова е Македонија, вели Мизрахи.

Пратеничката Ели Панова, која беше во посета на Босилово, рече дека граѓаните на средбите и посочиле дека работат, плаќаат даноци, давачки, а за нив не останува ништо.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK