ВМРО-Народна: Коридорот 8 е од геостратешка важност – економски не’ поврзува со Бугарија, Албанија, Турција, Блискиот Исток и целиот постсоветски простор

Љубчо-Георгиевски-објави-листа-со-лични-пријатели-на-Палевски-меѓу.png
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

ВМРО-Народна партија соопшти дека Коридорот 8, односно поврзувањето на Северна Македонија железнички и комплетно инфраструктурно на правецот Албанија – Бугарија е стратешко определување на независна Македонија од самиот почеток на демократизацијата и нејзиното создавање.


Главен политички носител на тој Коридор била токму партијата ВМРО-ДПМНЕ со својот потпис во 2002 година.

„Завршувањето на Коридорот 8 ќе значи комплетирање на вистинската тежина од геостратешка важност на нашата држава.
Во исто време тоа е невидена можност за економски развој на државата затоа што тој не претставува само економско поврзување со Бугарија туку поврзување и со Турција како и целиот Блиски Исток, поврзување со Романија, Украина како и целиот постсоветски простор.

Од исток пак не претставува поврзување само со Албанија туку тоа е најкраткиот пат до цела Јужна Европа и Северна Африка.

ВМРО-Народна партија жали што денешните „раководители“ на Македонија поради својата младост не памтат дека Македонија во раните 90-ти беше жртва токму на ембаргото кое го доживеавме на коридорот „Север – Југ“ и дека во тој момент бевме спасени како држава благодарејќи на коридорот „Исток – Запад“.

ВМРО-Народна партија одтука смета дека политичкото откажување од овој проект е еднакво на диверзија на самостојноста на македонската држава.

Што се однесува до техничко – финансискиот дел на забелешките на актуелната Влада, сметаме дека сигурно постои простор за да се подобри самата траса која впрочем е менувана неколку пати, а исто така и да се скратат финансиите кои ќе бидат потрошени за доизградба на железницата.

Сите позитивни промени во тој техничко – финансиски аспект од страна на ВМРО-Народна партија ќе бидат поздравени но во никој случај не можеме да ја прифатиме комплетната негација на Коридорот 8“, велат од партијата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK