СДС со мрежа за фалсификување документи и лажни вести водена од Асаф Еисин влегува во сериозен криминал за кој ќе одговараат. СДС се спушти толку ниско, што во отсуство на понуда за граѓаните во пресрет на изборите, тие креираат лажни вести и фалсификуваат документи, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
-Ваквите фабрикации ги прави Асаф Еисин, израелски мешетар, кој своите услуги за фалсификување ги нудеше и во ВМРО-ДПМНЕ, при што беше веднаш избркан од претседателот Мицкоски, за разлика од ВМРО-ДПМНЕ, СДС и Ковачевски сги прифатиле неговите услуги, и во недостаток на понуда прибегнаа кон црна кампања базирана на измислици. СДС треба да каже како го плаќаат Асаф Еисин, дали е платен во кеш, и дали таквите пари се стекнати со матните тендери во РЕК?, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Од таму најавуваат дека на прес конференција во текот на денот ќе објават како оди шемата за лажни вести и фалсификување на документи. Според ВМРО-ДПМНЕ, врвот на СДС со Ковачевски и Зечевиќ е влезен длабоко во криминал, и за тој криминал ќе одговараат, и тие и Асаф Еисин, веднаш по изборите.