ВМРО-ДПМНЕ: СДС не знае како да ја оправда егзотичната винска екскурзија на Ковачевски и рубља-владата, па прави конструкции и лаги

ВМРО-ДПМНЕ-СДС-не-знае-како-да-ја-оправда-егзотичната-винска.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

СДС се користи со конструкции и лаги, за да дефокусира од својата неспособност и криминал, но и од егзотичната винска екскурзија на Ковачевски, платена со народни пари. СДС не може да се помири со фактот дека локалната самоуправа има три пати повисок рејтинг од централната власт и владата на Ковачевски. СДС не може да се помират со тоа што на локално ниво се гради, а централната власт нема изработено ништо. СДС не може да прифати дека после две години градоначалниците немаат ниту еден коруптивен скандал, за разлика од нивните владини функционери кои се поврзуваат со криминални афери на дневна основа. Денес јавноста очекуваше СДС да излезе со одговор каде завршиле рубљите од пајташот на владата на СДС, Дака Давидовиќ кој е ставен на црната листа на САД, заедно со нивниот градоначалник Рамиз Мерко, велат во реакција на прес конференцијата на СДСМ од ВМРО-ДПМНЕ.


Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK