ВМРО-ДПМНЕ: Ефективни уставни измени после успешно завршени преговори и членство во ЕУ, тоа е последната и конечна позиција

vmro
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Партнерството подразбира двонасочна улица и очекуваме така да бидеме третирани од страна на нашиот партнер ЕУ. Уставни измени според бугарски диктат, содржани во предлогот прифатен од владата на СДСМ и ДУИ нема да прифатиме. Ефективни уставни измени после успешно завршени преговори и членство во ЕУ, тоа е последната и конечна позиција на ВМРО-ДПМНЕ, информираат од партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ, посочуваат дека доколку ЕУ навистина сака, ова е одлична позиција за компромис и продолжување на процесот.


– Го охрабруваме Европскиот Совет сериозно да ја разгледа позицијата на ВМРО-ДПМНЕ и заедно да овозможиме иднина на Македонските граѓани со сочувано достоинство и идентитет, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Од ВМРО-ДПМНЕ, исто така, посочуваат дека не биле дел од процесот со кој, како што велат, се создаде проблемот и прифати т.н., француски предлог.

– ВМРО-ДПМНЕ како државотворна партија и покрај тоа што не е дел од проблемот кој го направи владата на СДСМ и ДУИ се обидува во неколку наврати да го реши проблемот, и притоа сме целосно свесни за нападите од политичките лешинари силно спонзорирани од владата на СДСМ и ДУИ, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK