Власта на Ковачевски тврди дека ТИЕ се Европа, а врска немаат со европски вредности и принципи. Тие се обични измамници.
Дали се европски вредности сопругата на премиерот да добива државно земјиште по едно евро за квадрат со цел да тера милионски бизнис со фотоволтаици во време на официјална енергетска криза?
Дали е Европа, кога во три големи трагедии страдаат 70-тина граѓани, во автобуската несреќа Ласкарци, Беса Транс, и модуларната болница во Тетово и со години се водат судски процеси и никој не одговара за тоа?
Дали е Европа кога граѓаните имаат доверба во правосудството едвај 1 %, кога за Уставни судии и членови во Судски совет се бираат партиски послушници на СДС и ДУИ?
Дали е Европа кога никој жив во државата незнае каква биографија има првиот обвинител за гонење организиран криминал и како е избран?
Дали е Европа кога од земјоделска земја се претворивме во земја која е целосно увозно зависна од храна?
Зарем е Европа земја која е рекордер по корупција и се наоѓа полошо и од африканските земји?
Дали е Европа држава која нема универзитет ни меѓу првите 1.900 на шангајската Листа?
Зарем е Европа земја во која наркомафијашите се пукаат меѓу себе, а полицијата беспомошно гледа од страна затоа што е полна со кртови кои работат за мафијата?
Зарем е Европа земја која издава 215 пасоши на светски мафијаши, убијци, терористи, наркодилери и белосветски криминалци?
Има ли земја во Европа која среде 3 официјално прогласени кризи, со рекордна инфлација, со 500 илјади граѓани во сиромаштија, со најнизок раст на БДП ги зголемува платите на функционерите за 78%, а на работниците и на пензионерите им нуди 5% зголемување?
Дали е Европа кога внукот на Ахмети добива третина од уделот во трговски центар без да плати за тоа денар? Европа тоа го нарекува корупција, а кај нас тоа се смета за “претприемачки дух“?
Зарем е Европа ако за најголемиот инфраструктурен проект вреден милијарди се ангажира надзор фирма која до вчера произведувала гаќи?
Дали е Европа земја која две години не може да испечати учебници за своите деца?
Дали е Европа власт која 4 години гради 2 километри автопат кон Блаце, а 7 години не може да заврши автопат од Кичево до Охрид?
Дали е Европа Власт која не може да обезбеди терапија за болните од рак, за болните од дијабетес, која не може да обезбеди доволно антибиотици?
Дали е Европа земја во која семејството на првиот вице премиер стекнува луксузен деловен простор на централната улица во главниот град по багателна цена?
Дали е Европа земја во која на истиот вицепремиер му палат возило кое тој го “позајмил“ од фирма која на мистериозен начин стекнала хотел под сомнение за злоупотреба на функција и влијание?
Дали е Европа власт која на студентите им дава по 140 денари за оброк, а во исто време дава милиони евра на блиски фирми за организирање на апсурдни настани, прослави и саеми ?
Дали е Европа кога за навреда на функционер упатена на ФБ сторителот експресно се открива и казнува, а за тешки кривични дела, убиства, коруптивни скандали никој не одговара?
Зарем е Европа земја во која директор на Фонд за здравство е фатен како полни торби со снопчиња пари и власта го остава да си замине од државата без да одговара?
Дали е Европа пола влада да се занимава со производство и трговија со струја, а другата половина со производство на марихуана и притоа власта да ја користат да обезбедат подобри бизниси?
Зарем е Европа земја која основните потреби ги задоволува со земање кредити и која го удвоила вкупниот долг за само 6 години?
Зарем е Европа земја во која министер во владата дава збор дека една фирма ќе може да влезе во село за да вклучи или исклучи корисник на електирична енергија, а притоа да не биде претепан?
Зарем е Европа земја во која има општини кои немаат одделение за даноци и не наплаќаат даноци од граѓаните?
Зарем е Европа земја која синот на претседателот на собранието полага правосуден испит пред да го заокружи високото образование и потоа станува обвинител?
Зарем има земја во Европа во која претседател на собрание еклатантно ќе крши Деловник и Устав или јавно ќе пцуе и навредува службеници и после тоа се “прави на Тошо“ и не поднесува оставка?
Можеме до утре да набројуваме скандали, афери и катастрофи поврзани со оваа власт која тенденциозно вели дека ТИЕ биле Европа. Тие од Европа знаат само за евро валутата во која ги пресметуваат процентите , наместените тендери и коруптивниот ќар. Тие од Европа немаат никаква врска.
Народот им ги памти овие, но и стотици други скандали и ќе ги казни многу скоро. Изборите се решение за Македонија. Власта на ДУИ и СДС може да бега, ама нема да избега од три работи, од соочување со народот на избори, од пораз и од одговорност.
Овие прашања погоре, но и слични на овие ќе бидат единствените прашања на кои актуелнава власт треба да подготви одговори, а за сѐ друго едноставно не е важно што мисли бидејќи никој веќе и не ја прашува.