Стоилковски: Обвинителството за организиран криминал да отвори истрага за нападнатиот полицаец ноќта на 3 јуни

stoilkovski
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

11 јуни 2023 

Во интерес на јавноста и во интерес на МВР е ЈО за организиран криминал да отвори истрага за сиот случај ноќта од  1:45 минути на трети јуни, кога при акција на ЕБР во Градски парк пред дискотека, нападнат, фатен за врат и тепан со боксови е полицаец,  група од четири лица е приведена во полициска станица Карпош заради наркотици. Но кривично правниот настан (нападот) е заведен дури во 6:30 минути сабајлето, цели пет часа подоцна,  и во него се споменуваат три лица!



Почитувани, ЈО за организиран криминал мора да ги расчисти околностите за коишто постојат многу индиции, а фрлаат огромен сомнеж за партизација, самоволие, неказнивост и злоупотреба на МВР.

Почитувани,

Наместо соопштенија од МВР, во интерес на јавноста е ЈО за организиран криминал да одговори, и тоа по редослед;

·         Зошто во ПС Карпош минуваат 5 часа од записникот за приведување на 4 лица, до заведувањето на нападот врз полиција со вклученост на 3 лица?

·         Дали во попречувањето на полициската акција во Градски парк, пред дискотека, учествувал и синот на директорот на БЈБ, Сашо Тасевски?

·         Дали имало присуство и лично на директорот на БЈБ Сашо Тасевски?

·         Дали има злоупотреба на овластувања и е правен притисок врз ПС Карпош од директорот на БЈБ, Сашо Тасевски или негово семејство, за изземање на лице од случајот, односно менување факти?

Почитувани,

Премногу скандали се поврзани со недозволено оружје, недозволени материи, недозволиво однесување и сето тоа е проследено со неказнивост, што се поврзуваат со директор на БЈБ!

Сашо Тасевски единствено има партиска заслуга за позицијата, а молкот на институциите кон овие скандали е потврда за постоење на неказнивост!

 

Прес-конференција на Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK