Каква какафонија се случува во СДС, сабајле градоначалникот од Центар, Горан Герасимовски, од редовите на СДС, согласен со останатите скопски градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ кои констатираа и беа едногласни дека во Скопје едвај ќе се справат со натрупаното ѓубре поради неработата на градската власт и ЈП Комунална хигиена, за сега Каевски да ги напаѓа општинските градоначалници, де факто вклучувајќи го во тоа и Герасимовски.
Милионерот Каевски наместо да држи прес конференции на кој никој не му верува, нека ги замоли во партија, на следната средба со Данела да побараат од неа да го исчисти градот. Време за политика има, но нема време за главниот град да се дави во ѓубре и да биде потенцијален извор на зараза за граѓаните.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ