Скопје, 9 јули 2023
ВМРО-ДПМНЕ една година подава рака за заштита на Македонските интереси и ЕУ интеграција, Османи и Ковачевски играа по бугарски ноти
ВМРО-ДПМНЕ една година подава рака за заштита на Македонските интереси и ЕУ интеграција, Османи и Ковачевски играа по бугарски ноти.
ВМРО-ДПМНЕ предупредуваше ДУИ и СДС да не влегуваат во договор под Бугарски дикатат, тие влегоа во договор и сега сите им се виновни само не тие.
Откако ја заглавија Македонија, ВМРО-ДПМНЕ се обиде да помогне, суетата на власта и подаништвото кон Бугарија очигледно се преголеми.
ВМРО-ДПМНЕ го предложи Хрватскиот модел на Устав, кој беше спомнуван од власта, ДУИ и СДС одбија. ВМРО-ДПМНЕ излезе со два предлога, 1. Одложена примена на Уставните измени, 2. Избори на есен и барање гаранции од ЕУ институциите, барање Бугарија да имплементира 3 пресуди на ЕСЧП и финансиска помош за Македонија, ДУИ и СДС одбија.
ВМРО-ДПМНЕ постојано подава рака заради Македонија, ДУИ и СДС константно одбиваат.
Комуникацијата со власта е прекината. Нема друг излезе освен брзи предвремени избори на есен.
Ако ДУИ и СДС не се само за заштита на своите фотелји, зошто не прифатат?
Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на министерот за надворешни работи Бујар Османи
Центар за комуникации со јавноста на ВМРО-ДПМНЕ