1.8 милиони евра ќе завршат во џебот на Елмедин Адеми, внук на поранешниот министер на ДУИ, Абдулаќим Адеми, за преадаптирање на СЦ Борис Трајковски за Самитот на шефови на држави на земји членки на ОБСЕ.
МНР и Бујар Османи даваат тендер на фирмата Еуровиа ДООЕЛ која притоа е и најголемиот донатор на ДУИ.
Истата фирма која има земено 2 милиони евра за изградба на полициска станица во Аеродром, како и тендерот за реконструкција и пренамена на објекти за Универзитетот „Мајка Тереза“. А вистинска експанзија на добиени тендери од државни институции доживува од 2017-та година откако СДС и ДУИ се на власт.
МНР дава 1.8 милиони евра за столчиња и опрема, а притоа никој не знае каде ќе заврши таа опрема откако ќе заврши Самитот на шефови на земјите членки на ОБСЕ.
ДУИзација и се случува на Македонија.
ДУИ се грижи за внуците на бившите и сегашните функционери
Уште колку внуци на функционерите на ДУИ се со претприемачки дух?
Постои сериозен сомнеж за криминал. Фирмата дава донација за ДУИ, а МНР и Османи им даваат тендер.
ЈО веднаш да отвори истрага дали тендерот кој го дава МНР во вредност од 1.8 милиони евра е даден како знак на благодарност за донацијата која ја дала
Еуровиа ДООЕЛ на ДУИ?
И дали парите од тендерот на МНР се всушност враќање на донацијата, а тоа значи дека ДУИ финансира од државни пари?
Многу набрзо следува одговорност!
извор: ВМРО-ДПМНЕ