Николоски: Реформираното ВМРО-ДПМНЕ е гарант дека со новата Влада ќе ја удри корупцијата и ќе ја крене економијата

Александар Николоски
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

На денешната трибина на ВМРО-ДПМНЕ на тема „33 години ВМРО-ДПМНЕ и Македонија“, свое обраќање имаше потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски кој истакна дека и покрај сите опструкции кои се случија во изминативе неколку години, ВМРО-ДПМНЕ успеа  да помине низ внатрешна катарза и да определи нови правци кои ќе дадат одговор на корупцијата и сите негативни појави кои во моментов се случуваат во Македонија.

„Претседателот Мицкоски беше избран за претседател на ВМРО-ДПМНЕ во, според мене и според она што сум го видел во партијата, јас сум член на партијата од 2003 година, а за ВМРО знам откако знам за себе, мислам дека ја презеде партијата во најтешкиот период од постоењето на партијата. Да потсетам, во декември 2017 година ВМРО-ДПМНЕ беше политичка партија која што беше надвор од Собранието, беше политичка партија чиј што дел пратеници беа под прогон, беше политичка и делумно и сега е со замрзната банкарска сметка и беше и сѐ уште е политичка партија со замрзнат имот и беше политичка партија која што беше изолирана како од домашната така и од меѓународната јавност“, истакна Николоски и додаде:


„Низ овие години успеавме да поминеме низ внатрешна катарза, низ прочистување на партијата, низ определување на нови правци коишто сега треба да дадат одговор на три напади коишто ги доживува Македонија а чија што крајна цел е уништување на Македонија ваква каква што ја знаеме. Прво економски колапс којшто е преточен низ една сериозна корупција која што мора да ја удриме во чело. Второ, национални предавства коишто ги гледаме во моментов кон она што се случува и со односите со Бугарија но и внатрешниот политички систем и начинот на кој што се владее Македонија и третиот предизвик којшто во моментов го гледам е еродирањето на сите институции коишто значат државност. Доколку се удрат овие три столба, нема држава. И затоа ова е порака за идните генерации, да ни се приклучат, битката допрва почнува и ова е последна шанса да направиме модерна и просперитетна, независна Македонија“.

Тој исто така ги повика младите да се приклучат на ВМРО-ДПМНЕ и да преземат одговорност после формирањето на новата влада на ВМРО-ДПМНЕ, за Македонија да биде извадена на прав пат како модерна и независна.

„Клучно е да ни се приклучат во месеците коишто се пред нас. На месеци сме пред клучна промена во Македонија и пред формирање на влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ. На сите тоа им изгледа како најтешката работа, а тоа според мене е полесниот дел од работата, потешкиот ќе се деновите и годините после тоа. Мораме да ја извадиме Македонија на прав пат. Ова е последна шанса да направиме модерна и независна Македонија, а за тоа ни требате, не иселени надвор, ни требате во партијата и ни требате да преземете одговорност“, заклучи Николоски.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK