Муцунски: Ние нудиме решение за излез од ќорсокакот кој што СДСМ и ДУИ го создадоа со нивната попустлива и нестратешката надворешна политика

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Вечерва, Тимчо Муцунски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ во емисијата „Вин вин“ на Телма телевизија додаде дека реалната состојба во моментов во Македонија е дека владата не располага со 2/3 мнозинство за изгласување на уставните измени. Власта да располагаше со 2/3 мнозинство вчера ќе имаше гласање во Собранието.

„Не веруваме во тоа дека гаранции не се возможни. Нашиот став не е фудиран единствено на тоа што ние лично го мислиме во нашето  раководство во рамките на партијата, со луѓето со кои што се консултираме. Туку нашето гледиште дека гаранции од европските институции се возможни го основаме на контакти, разговори, со претставници на Влади од ЕУ, со претставници од Европската Народна Партија, со кои што можеме да разговараме за каков тип на гаранции можеме да обезбедиме за државата за кои што сметаме дека би биле целисходни и би биле оправдани за да поуспешат нашиот пат кон ЕУ“, рече тој.


Тој посочи дека истовремено не е за исклучување и можноста за социо-економски пакет. Во моментов се вршат преговори во рамките на ЕУ за т.н. буџетски план за период од 5 до 7 години. Веројатно седумгодишен буџетски план ќе биде. И зошто да не се дискутира на пример да се користи политиката за кохезија на ЕУ која што е доста функционална, и доста успешна кај самите земји членки на ЕУ, да се обезбеди некој дополнителен финансиски пакет кој што би можел да биде од интерес и за Република Македонија и за другите земји кои што преговараат и сакаат да станат земји членки на ЕУ.

„Овие аргументи кои што ние ги даваме за разлика од СДСМ кога даваа аргументи кои што се создаваат во нивниот Центар за комуникации а се единствено за дневно политичка употреба, нашите аргументи се врз основа на детални размислувања, детални консултации и начин на кој што ние гледаме пат кон решение на овој ќорсокак кој што го создаде Владата на ДУИ и СДСМ заради попустливата и нестратешката надворешна политика во последните шест години односно од нивното владеење“, појасни Муцунски.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK