Мојсоска: Последниве месец дена речиси да нема интервју, во кое пратеник на ДПМНЕ не пропушта да повтори дека

mojsoska
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Последниве месец дена речиси да нема интервју, во кое пратеник на ДПМНЕ не пропушта да повтори дека “тие не биле против бугарите во Уставот, туку дека не биле за бугари во Уставот под овие УСЛОВИ”?!
За какви подобри услови фантазираат од оваа самопрогласена патриотска партија – кога Бугарија не ги сменала своите шовинистички политики од времето на Тодор Живков? Мене јасно ми е дека бугарофилското крило силно ровари во оваа партија, ама барем не го манипулирајте овој напатен народ дека внесувањето на бугари во Уставот под “други услови” не е ПОГУБНО.

Македонскиот устав е етнички устав и генерира низа законски обврски на државата кон малцинствата – што во случајот со шовинистичка Софија само полека, но сигурно, ќе почне да се реализира пропагандата за Санстефанска бугарија, институционално поддржана на македонска територија!


Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK