Мојсоска: Од СДС и МНР немаше реакции кога бевме Северномакедонци за Вархеи

mojsoska
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во ,,изразеното жалење” од страна на Европската унија за заклетвата на новата претседателка, Левица гледа чисто лицемерие – ова е ставот со кој настапи новата пратеничка од Левица, Јована Мојсоска, во интервјуто на ТВ 24.







,,Сите знаеме како се донесе Преспанскиот договор – со негирање на волјата којашто беше изразена на референдум, со противуставно потпишување од страна на министер, наместо од претседател на држава, така што, за жал, тука се видоа тие двојни аршини на Европската Унија”, рече Мојсоска.

Коментирајќи ги инаугурацијата на претседателката и дадената заклетва, Мојсоска направи споредба на она што денес се случува во Македонија со времето кога забрани наметнувала грчката хунта.

,,Сите очи на грчката јавност беа вперени во еден чин кој претставува внатрешно уредување на нашата држава, така што владеењето на СДСМ нас нè доведе до тоа ниво да ние во нашата држава мораме да шепотиме ,МАКЕДОНИЈА’. Јас би споредила дури со времињата на грчката хунта кога Македонците не смееле да говорат ниту дома на македонски. Е, тоа го донесе тој Преспански договор”, потенцираше Мојсоска.

Пратеничката Мојсоска истакна дека елитите во сопствената држава се поставуваат во една вазална состојба и доведуваат до тоа да имаме мешање од страна на други држави.

,,Европската Унија нема веќе ни легитимитет да се повикува на непочитување на меѓународни договори, затоа што ни Европската Унија не ја почитуваше пресудата на меѓународниот суд на правдата кога Македонија ја доби Грција на спорот”, додаде Мојсоска.

И кога се носеше Преспанскиот договор, Левица апелираше дека ќе дојде до ова.

,,Видете ја реакцијата од страна на СДСМ, кои рекоа дека си ја научиле лекцијата од народот! Очигледно, не ја научија. Тие не сфатија дека народот не ја прифаќа  ,Северна’ како наметната придавка. Мене ми е жал што исто вака ревносно не реагираа кога ние гледавме како дури и еден Ескобар нè ословуваше како ,Северна македонска влада’! Ние не гледавме никаква реакција од МНР и од Бујар Османи кога Оливер Вархеи нас нè ословуваше како ,Северномакедонци’, така што тоа многу покажува за тој политички менталитет на социјалдемократите”, рече Мојсоска.

Јована Мојсоска истакна дека очекува, конечно, на наредните избори СДСМ да бидат целосно избришани од политичката сцена.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK