Мицкоски по состанокот со ПГ на партијата: Поддршка на ставот дека нема да има уставни измени под бугарски диктат

mickoski 1
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски преку социјалните медиуми соопшти дека остварил работен состанок на пратеничката група на партијата и Коалицијата.

Тој напиша дека даваат поддршка на ставот дека нема да има уставни измени под бугарски диктат.


-Работен состанок со пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата. Поддршка на ставот дека Уставни измени под бугарски диктат нема да има. Силно и одлучно на страна на народот и интересите на Македонија!, напиша Мицкоски.

Утре во 10 часот се очекува на собраниската Комисија за уставни измени да почне расправата по Предлог за пристапувањето кон измена на Уставот на Република Северна Македонија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK