Мицкоски: Македонија ја има најкриминалната и најкорумпираната влада во Европа, каде што кланови владеат, а нивните семејства стекнуваат милионски имот

Христијан Мицкоски
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Не треба нас некој друг да ни кажува дека има криминал во Македонија, тоа го чувствува секој еден граѓанин. Кога ќе го прашате ќе ви каже дека, за жал, Македонија е нај криминалната држава, за жал Македонија е држава каде што кланови владеат.

Гледате неколку фамилии во Македонија кои што се дел од највисоките раководства на политичките партии од власт, стекнуваат милионски имот, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, професор д-р Христијан Мицкоски од Гази Баба во рамките на акцијата „Ова е Македонија за сите“ запрашан од новинарите за црната листа на САД на која што е ставен градоначалникот на општина Струга, Рамиз Мерко.


Мицкоски додаде дека такви се примерите кои што последниве месеци ги гледаме и сведочиме за истите, последниот случај со деловниот центар Соравиа, претходно дуќани во центарот на Скопје, хотели и така натаму.
„Така што, ние не можеме при очи слепи да се правиме и при уши глуви, тоа што го прави најкриминалната и најкорумпираната влада во Европа сите ние го чувствуваме.

Ова што пристигна од Стеј Департментот е само потврда на тоа што ние го чувствуваме. Градоначалник и дел највисокото раководство на политичката партија Демократска Унија за Интеграција е ставен на таа црна листа поради тоа што тие имаат докази, барем јас така го сфатив она соопштение во јавноста, дека има голем криминал позади него, но и дека влијаел во судството и врз носење на судски одлуки. Единствен кој што го брани Рамиз Мерко е Димитар Ковачевски, дури и самата ДУИ молчи. Единствен кој што го брани е Димитар Ковачевски“, рече Мицкоски.
Мицкоски посочи, се додека оваа мафија не ја исчистиме од корен, на Македонија нема да и тргне напред и нема да имаме надеж и континуирано Македонија ќе ни се празни, и ќе се иселува.

„Како идна влада, влада која што ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ, се обврзуваме пред граѓаните дека оваа мафија во која што идеално кохабитираат политичари и криминалци, ќе биде во корен исчистена“, истакна тој.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK