Мицкоски: Граѓаните најдобро ги гледаат цените, Ковачевски да се разбуди од сонот, а од опозиција подобро ќе ги види

Мицкоски-Граѓаните-најдобро-ги-гледаат-цените-Ковачевски-да-се-разбуди.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Ковачевски или треба да се разбуди од сонот или да ја промени диоптријата, затоа што граѓаните најдобро знаат какви се цените, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски запрашан за коментар за изјавата на Ковачевски дека има производи на кои цената им е намалена за 40%.

„Ковачевски можеби треба да ја промени диоптријата, прашајте ги луѓево, направете една анкета, тие најдобро ќе кажат за цените“, рече Мицкоски.

Според него, Ковачевски или блада или сонува или треба да ја промени диоптријата, но од позиција на опозиција не само што ќе ги види цените, туку и ќе ја види сопствената одговорност.

„Јас би го советувал ако сонува да се разбуди од сонот, а доколку навистина има проблем со диоптријата можам да му препорачам добар очен лекар и се надевам дека следниот пат подобро ќе ги гледа цените од позиција на опозиција, но тогаш ќе ја види и сопствената одговорност за ова што го правеше овој период, изјави Мицкоски.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK