Вчера револтираните жителите од населба Лисиче повторно одржаа мирен протест против бетонизацијата во Лисиче. Повторно сложно сплотени заедно со членовите и советниците на Левица излегоа со својот став дека се против спорниот ДУП кој беше предложен во времето на градоначалникот Златко Марин (СДСМ), а сегашниот градоначалник Тимчо Муцунски (ВМРО) молчејќи сака да го спроведе до крај и да ги изигра Лисичани.
Да се потсетиме дека спорниот ДУП превидува висококатници каде ќе се предизвика дополнителен сообраќајен хаос како и дополнително загадување на воздухот што веќе е во енормни граници презгаден. Да го потсетиме Тимчо Муцунски дека ветуваше зелена општина и бришење на маркици.
Нашите советници бурно ќе реагираат на секоја лоша одлука на градоначалникот Тимчо Муцунски и ќе ја известува јавноста за сите негови лоши политики.
