Иако денес Собраниската комисија за здравство конечно свика седница на која требаше да се разгледа Предлог-законот поднесен од Левица за платено породилно отсуство на жените-земјоделки, денешната Комисиска седница беше прекината токму пред да дојде на ред оваа точка.
Со нашиот Предлог-закон за платено породилно отсуство за жените земјоделки (Измена и дополнување на Законот за здравствено осигурување), се овозможува користењето на правото на надоместок поради бременост, раѓање и мајчинство на жените – земјоделки и ќе се овозможи еднаквост за ова уставно загарантирано право на секоја жена со кое Рапубликата гарантира заштита на мајчинството.
Додека ‘Законот за модерно ропство’ со 72 часовно работно време на работниците, експресно пројде на матичната комисија и уште поекспресно СДС и ДУИ го изгласа во собранието, Предлог-законот на Левица сѐ уште го саботираат и кочат. Иако и двата предлози ја поминаа потребата за носење на закон по скратена постапка (прва фаза) истовремено, пред повеќе од еден месец.
Повеќе од јасно е дека ова им беше само тактичко замачкување очи пред јавноста, а сега само го одолговлекуваат и саботираат предлогот на Левица. ДУИ и СДС уште еднаш докажаа дека приоритет им е нивниот бизнис интерес, но не и реалната потреба на народот. Среброљубивите буржуи укотвени во власта со децении, не го ни разбираат трудот и маката на жените земјоделки кои истовремено растат дете и растат плод без помош, ниту нивната повеќедецениска борба за она основното – добивање платено породилно отсуство.
Иако со само двајца пратеници одвнатре, Левица не се откажува, продолжуваме да ја следиме работат и ќе вршиме притисок, сѐ додека не се оствари ветеното – жените мора да го добијат заслуженото, она за што макотрпно и чесно работат!