ОСМАНИ ЌЕ ПОТРОШИ РЕЧИСИ МИЛИОН ЕВРА ЗА ИЗНАЈМУВАЊЕ НА АВТОМОБИЛИ
🚨 Државата во која има сериозен недостиг на возила за брза помош, противпожарни возила и возила за транспорт на лица со попреченост, како и возила во други јавни сервиси потребни за граѓаните, ќе потроши сума од речиси МИЛИОН ЕВРА, за неколку дневно удобно возење на дипломатите кои ќе гостуваат на самитот на ОБСЕ.
🚗 Османи и Ковачевски, за гостување на 70 делегации одлучија да изнајмат вкупно 175 луксузни возила од компанијата за промет, трговија и услуги „АБЦ рент а кар турс“ од Скопје. Договорот е склучен во два дела. Првиот – за изнајмување возила за потребите на самитот на ОБСЕ, е за четири месеци и е во вредност од 919 305 евра. Вториот дел од договорот е во износ од 38 304 евра и е за изнајмување возила за редовните потреби на МНР во период од една година.
👉 Потсетуваме дека претходно Компанијата „Еуровиа” која е во сопственост на Елмедин АДЕМИ, внук на поранешниот министер од ДУИ, Абдулаќим Адеми, доби тендер во износ од неверојатни ПЕТ МИЛИОНИ ЕВРА, каде спортскиот комплекс „Борис Трајковски” ќе се пренамени за потребите на ОБСЕ, со што, заради политички амбиции, на подолг период целосно ќе им биде одземен на спортистите.
‼️Левица оценува дека ваквото расфрлање на народни пари, во услови на константна економска криза, при сериозни пропусти во испорачување услуги кон граѓаните, па дури и одземање на некои кои постојат, се пари фрлени во ветар, за пред странските дипломати власта да се обиде да го подзашминка и лажно претстави, трулиот систем на СДС И ДУИ, во кој живеат македонските граѓани.
📢 Левица повикува на рационализација на средствата предвидени за самитот на ОБСЕ и прекинување на практиката истиот да се користи како изговор, за доделување тендери на политички соработници, заради неколкудневно луксузирање на поличката елита.