Левица: Децата со попреченост и понатаму без образовни асистенти

levica_34535354
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Обезбедувањето образовна асистенција во средните училишта остана заглавена во новиот Закон за средно образование, кој со години е во собраниска процедура и кој очигледно не претставува приоритет за Владата наспроти законите кои експресно со европски знаменца се носат во Собранието.

Република Македонија како потписник на Конвенцијата за правата на лицата со попреченост е обврзана да создаде услови за промовирање, заштитување и обезбедување целосно уживање на човековите права од страна на лицата со попреченост.


Едно од загарантираните права е правото на квалитетно образование, преку кое децата успешно ќе ги развиваат своите потенцијали во насока кон сеопфатна интеграција.

Предуслов за инклузивното образование, како процес кој би требало да излезе во пресрет и да одговори на различните потреби на децата е обезбедување на образовна асистенција на учениците со посебни потреби во основното и средното образование.

Во пресрет на новата учебна година, Левица во контекст на целосна поддршка кон лицата со посебни потреби, бара од
Владата итно изнаоѓање на решение кое што ќе обезбеди образовни асистенти на сите ученици во средното образование и на тој начин ќе се овозможи квалитетна сеопфатна инклузија на децата со посебни потреби.

Сектор за медиуми и односи со јавност на ПП Левица

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK