11 јуни 2023
Почитувани граѓани, Четвртиот министер за здравство во оваа Влада за неговите 100-тина дена како министер покажа целосна негрижа за граѓаните, но и за медицинските лица.
Тој се покажува како лик кој целосно се вклопува во корумпираната и криминална Влада предводена од СДСМ и ДУИ. Додека нема лекови, нема термини за преглед, нема термини за било каква медицинска интервенција, на министерот за здравство приоритет му како граѓани од други држави да се лечат во Македонија. И тоа ни помалку ни повеќе, туку под исти услови како и граѓаните на Македонија кои цел свој работен век плаќаат за овој здравствен систем.
Нејасно е и треба да се даде одговор во јавноста, колку оваа мерка ќе ги чини македонските граѓани и како ќе дојдат тие на ред во здравството во Македонија? Освен негрижа за граѓаните, која треба да му биде приоритет на секој министер во секторот здравство, има целосна негрижа и за медицинскиот персонал. Медицински персонал ем нема, ем постојано бега од државава, ама затоа министерот за здравство ги дискредитира и оние малку кои се останати. И додека вели ќе ги укинам организациските директори, во меѓувреме си тера, и си менува, и си назначува токму организациски директори. Разрешува и медицински директори, а јавноста не е информирана која е постапката за стручност при разрешување и избор на нови директори.
Печат на министерувањето на Фатмир Меџити до сега се две работи, целосна негрижа за граѓаните во државава, второ, целосна негрижа за медицинскиот кадар. Поради ова, бараме, прво, да почне да работи транспарентно, второ, да каже по критериуми ги избира новите директори. Низата на проблеми, стратешки грешки и слично не се намалува и покрај назначениот четврт министер за здравство. Токму поради тоа оваа власт мора да замине што поскоро и да почне процес на обновување на различните сегменти во државава. Во неговото министерување само се таложат проблемите и има се повеќе грешки. Токму затоа мора да замине час поскоро оваа ненародна власт! Со почит, Прес-конференција на Кирил Лазов, член на Комисија за здравство на ВМРО-ДПМНЕ Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ