Бесиан Ахмети, вториот внук на Али Ахмети, кој сега е именуван за Прв секретар на амбасадата во Брисел, е сопственик од 2007 до 2017 на Еверест ЏД, заедно со брат му Дрин.
Еверест ЏД има концесија за експлоатација на варовник доделен од владата на СДС и ДУИ во 2006 година.
Бесиан Ахмети излегува од сопственичката структура на Еверест ЏД, која има концесија над рудник за варовник, и се вработува на работно место помлад соработник за мониторинг и следење на договорите за концесија за минерали во Министерството за економија.
Бесиан Ахмети, сега од позиција на службеник во извесен период бил поставен за мониторинг врз договорите за концесии на минерали, бизнис со кој се занимава неговата фирма, која останала во единствено сопствеништво на неговиот брат Дрин Ахмети.
Бесиан Ахмети како службеник задолжен за мониторинг над концесиите за минерали, можел да влијае врз конкуренцијата на неговиот брат Дрин Ахмети, за Еверест ЏД, во која и самиот бил содружник.
Али Ахмети го гради кланот Ахмети, додека тој е пратеник и лидер на ДУИ, членови на неговото најблиско семејство влегуваат во мултимилионски бизниси и одлучуваат во институциите за судбината на други бизниси, кои можат да им бидат конкуренција.
Одговорност ќе има. Иако сега таткото на Бесиан и Дрин Ахмети стои на главата на Ислам Абази, наскоро ќе дојде време кога секој од нив ќе треба да одговори што правел.
Прес-конференција на Драган Ковачки, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ