НА ЛАГАТА И СЕ КРАТКИ НОЗЕТЕ!
Наместо одговорните во ЕСМ да се извинат за минатото неумешно соопштение на една национална телевизија, каде во брзање погрешија кој блок “плански” ќе им испадне и дека на депонија имаат 30 000 тони, а не како што тврдеа 300 000 тони (заборавиле уште една нула згрешил некој при ПРЕпишувањето), МОЛК од свирачкиот оркестар инсталиран на ЧЕЛО на РЕК Битола!
Техниката не може веќе да ги трпи овие импровизации и по празната депонија деновиве чекаме “плански” да им испадне уште еден блок, бидејќи ситуацијата со јаглен е уште полоша односно јаглен има за помалку од 2 дена на депонија.
Блокот 1 во РЕК Битола е надвор од функција. Блокот 2 и БЛОК 3 немаат јаглен за работа и работат со максимална потрошувачка на мазут и малку јаглен со половина моќност на граница на технички минимум, со енормна потрошувачка на мазут со максимум од сите осум мазутни бренери и така се трошат 16 тони мазут на час и оптеретување од 120 MW.
Термоелектраните веќе 7 години не се квалитетно ремонтирани, котлите не се довршија со модернизацијата, десулфуризација не е направена, ниту еден проект за подобрување и одржување на опремата и заштита на животната средина не се реализирани. Состојба ескалира последните години кога приучени кадри со тефтерчиња и скрипти го презедоа комбинатот, каде што имаме повеќе хавариски ситуации, отколку нормален производствен процес.
Ваквото хаотично работење ја доведува во прашање и безбедноста на сите вработени во комбинатот. и некомпетентноста на раководствата на АД ЕЛЕМ и РЕК Битола се главните причини за ваквите катастрофални состојби! Наместо да запрат, тие уште повеќе ја усложнуваат состојба со што деновиве сакаат да инсталираат нови 460 партиски војници во РЕК Битола кои ќе ја влошат и така лошата состојба. Криминогеното и нестручно инсталирани Директори на РЕК Битола мора да понесат одговорност и ОСТАВКА ВЕДНАШ!
Ги повикуваме надлежните институции , Јавното обвинителство, Државниот пазарен инспекторат, Царината и другите инспекциски институции да го спречат овој криминал, да направат испитување на состојбата што се случува со РЕК Битола ? Каде одат овие тешки милиони, колкаво е загадувањето од канцерогениот мазут што се увезува, колкава е штетата што ја претрпува државата со уништување на котлите во термоелектраните?
Кој ќе ја сноси одговорноста за честите испади, материјалните трошоци, безбедноста на вработените, како и распадот на електроенергетскиот систем на Република Македонија?
Оваа криминогена власт во заминување потроши огромни средства за време на енергетската криза за доопремување на РЕК Битола неофицијално таа бројка за 3 години надминува повеќе од 600 милиони евра, но нестручното и неодговорно однесување на менаџерско-партискиот тим на ДУИ подржано од СДС го втурна во пропаст. Дефектите на трите блока станаа секојдневие и пракса, а не исклучок. Цехот на крајот повторно го плаќаат граѓаните со поскапа струја, токму поради зависноста на РЕК-Битола од увозен јаглен и канцероген мазут .