Кампањата, која ќе се плати 80.000 евра ,наречена „Ние Европа“, за претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, е плагијат. Според него, политичарите што ја спроведуваат и се дел од власта се измамници и срам за Европа.
„Тоа е плагијат бидејќи нема ништо оригинално во Владата на СДСМ и ДУИ. Тоа е плагијат виден во Европа. Најмалку овие политички измамници имаат право да се повикуваат на Европа бидејќи се срам на Европа. Додека се претставуваат како промотори на европските вредности и кредибилитетот на Европа, во очите на граѓаните ќе паѓаат. И европските дипломати може да интервенираат за да не ја злоупотребуваат Европа. Европска вредност не е на слепо Владата да потпишува предавство“, рече за кампањата.
Тој додаде дека европската вредност не е да се клекне во Софија и да се обезличи македонскиот народ. Им порача дека за тоа ќе суди историјата.