Јаревски за Груевски: Обидите за поделба на ВМРО-ДПМНЕ се залудни, ВМРО-ДПМНЕ е цврство и непоколебливо

Toni Jarevski 20.09.2023
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

„Имаме ситуација каде ВМРО-ДПМНЕ 6 години е под континуиран атак, не само од надвор, не само од власта, него и од сегменти на платена опозиција и патриоти на батерии кои се многу силни зад тастатура, серија на мали партии, како да ние сме проблемот на сите прашања“, истакна пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Тони Јаревски во гостување во Радио Лидер.

Тој кажа дека се говори за ситуација во која ВМРО-ДПМНЕ е јасна и концизна и секогаш е на страна на граѓаните.


Јаревски додаде дека ВМРО-ДПМНЕ има цврста поддршка од граѓаните да опстои на патот и позициите по кои оди и кои ги застапува. Тој рече дека раководство и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ излегле пред граѓаните и јасно кажале дека можат да веруваат на ВМРО-ДПМНЕ и сите чекори досега што беа направени се во насока дека нивната доверба ќе биде оправдана.

„Имаме фактичка ситуација каде ВМРО-ДПМНЕ има најмалку двојно предност на сите релевантни анкети кои сега се во оптек и се разбира дека во таква ситуација нашите политички ривали или непријатели ќе ги искористат и ќе посегнат по сите средства и инструменти со цел таа фактичка состојба да ја променат и да стигнат до нивните лукративни цели. Во тој процес да се обидат да имаат намера или да направат дејанија со кои ќе се обидат да му наштетат на ВМРО-ДПМНЕ или во крајна цел да успеат да го поделат. Тие обиди ќе им бидат залудни, ВМРО-ДПМНЕ е цврство и нашата пратеничка група е непоколеблива, ќе опстоиме на ставот и нема да се случи нешто на што ние сме се обврзале дека ќе го направиме“, вели Јаревски.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK