„Извештајот на Светска Банка е „шамариште“ за власта“, вели ВМРО-ДПМНЕ

„Извештајот-на-Светска-Банка-е-„шамариште-за-власта-вели-ВМРО-ДПМНЕ.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

„Извештајот на Светската Банка за Македонија е „шамариште“ за владата на Ковачевски. Беа потопени сите лаги на ДУИ и СДС дека македонската економија цвета. Извештајот на Светска Банка ја отсликува реалноста дека Македонија е на економското дно во регионот, позади сите други земји. Според Светската Банка за 2023 година ќе имаме убедливо најнизок раст на БДП од само 1,8%, двојно понизок од Црна Гора, Косово и Албанија“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.


„Во исто време буџетскиот дефицит ќе се зголемува што значи дека ќе расте и долгот, а високата инфлација од 9,1% ќе продолжи да го уништува стандардот на граѓаните. Патем и Светската Банка, како и ММФ претходно, ги демантираа шарените лаги на владата и прогнозираат инфлација повисока за дупло повеќе од тоа што го прогнозираат неспособната власт.

Оваа инфлација е резултат на задоцнетите мерки на власта и истото е нотирано од страна на овој извештај. Да потсетиме дека само пред некој ден беше презентирана проекција според која постои опасност до крајот на годината 600 илјади граѓани да западнат во сиромаштија, а дури 80 илјади граѓани се во екстремна сиромаштија само со 60 денари на ден. Затоа се повеќе граѓани купуваат производи на парче, затоа се поголеми се редиците пред пекарите за бајат леб.

Тотално фијаско доживува македонската економија со оваа власт на Ковачевски. Што побрзо си заминат, толку подобро за македонското стопанство, за македонскиот работник и општо за граѓаните. Нивната неспособност е епска и тоа предизвикува катастрофални последици“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK