Таравари отворено, јавно на медиуми, призна дека “по барање на странски релевантни фактори” влегол во влада за да “спречи предвремени избори и издејствува промена на устав”.
Stevo Pendarovski како Претседател на Република Македонија заедно со Агенцијата за национална безбедност, должни сте да откриете кои се тие “странски релеватни фактори” кои апла влијаеле таму каде што воопшто не им е дозволено и грубо ја прекршиле конвенцијата за делување на дипломати. Па соодветно истите да се протераат од државата а на државите од каде доаѓаат да им се прати протестна нота и за случајот итно да бидат известени ОН, ЕК како и Советот за Безбедност при ОН.
А последователно, на Касами фино лепо да му се стегне кривична за соработка со странски служби со цел влијание во внатрешните работи на државата.
Доста зе занимавате со “руско влијание”, “кинески ботови” и рекреативни корисници на канабис, почнете да ја исполнувате вашата основна должност, а тоа гаранција на безбедноста на државата и нејзино владение и внатрешно уредување исклучиво според волјата на демосот под нејзина јурисдикција.