Апасиев: т.н. „Закон за јазици“ со кој, на истиот постоечки Устав, после 20 години, илегално и насилно се воведе противуставна ДВОЈАЗИЧНОСТ мора да биде поништен!

1713432152_apasiev.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

т.н. „Закон за јазици“ со кој, на истиот постоечки Устав, после 20 години, илегално и насилно се воведе противуставна ДВОЈАЗИЧНОСТ мора да биде поништен!
Од стручен аспект, формално-правните причини (без да навлегуваме во материјална расправа) се следниве:
1. Законот е прошверцуван во Собранието, спротивно на Деловникот, со фрлање на амандманите на опозицијата во корпа;

2. Законот го нема потребното квалифицирано 2/3 мнозинство кое го бара Уставот за регулирање на судски постапки;


3. Пробиени се преклузивните уставни и законски рокови за промулгација;
4. Указот за прогласување на „законот“ го нема потребниот врзан потпис на Претседателот на Републиката и е објавен во „Службен весник“ спротивно на закон (што е без преседан во досегашната наша уставно-правна историја);

5. Законот е спротивен на меѓународното право и на тоа укажува Венецијанската комисија (составена од експерти по уставно право) при Советот на Европа!

Оттука, УСТАВНИТЕ СУДИИ мора да покажат кредибилитет и правно знаење, а не да бидат уплашени пред налетот на необалистичките пискотници! Оти, како што вели професорот од Универзитетот во Гент – Ван Кенеген: „Па, каква корист имаме ние од судиите ако тие можат да бидат принудени да се сложат со незаконските барања на власта, која е парализирана од класна привилегираност и нема сили да ја скрши ‘кората од обичаи’, со цел да го модернизира и оплемени правниот систем“!?
*БОНУС: Во прилог, рецензиран научен труд со правна аргументација против овој скандалозен т.н. „закон“ (линк во коментар)…
#НемаПравдаНемаМир
#СтопНаТиранијатаНаМалцинството

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK