Апасиев: Потребен е трет Илинден!

apasiev
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

,,Втори август несомнено е најважниот државен празник на Република Македонија, но исто така и најважен датум во историјата на македонскиот народ. Со самото тоа што на овој датум се одбележуваат двете најсветли точки од политичката историја на македонскиот народ и неговата борба за слобода – Илинденското востание од 1903 година и Првото заседание на АСНОМ од 1944 година – самиот празник го прави непобитен доказ за континуитетот и непокорот во борбата на македонскиот народ за слобода и остварување на иманентната цел од историската на еден народ – сопствена држава.

Иако Македонците низ историјата претрпеа голем број порази, идејата за слободна Македонија никогаш не згасна и токму со АСНОМ таа идеја стана реалност. Затоа АСНОМ, како резултат на многубројните обиди за државност преку Крушевската Република, е темелот на македонската државност. Денес, кога живееме во полупротекторат и заробена држава, кога истите луѓе што го избришаа АСНОМ од Уставот и сите социјални придобивки, сега, лицемерно го ,,чествуваат’’ и се поклонуваат на илинденските споменици на Мечкин Камен и Пелинце, ние од Левица велиме дека борбата не застанува тука. Потребен е Трет Илинден во борбата на македонскиот народ преку кој ќе се спастри Републиката и повторно ќе се воспостават асномските идеали на државата!


Интеграцијата во ЕУ е само средство за подобрување на животот на македонскиот народ и зацврстување на македонската култура и идентитет како еднаква и признаена пред сите народи. Оттука, државноста на македонскиот народ, неговиот идентитет и култура во ниеден случај не може да бидат жртва за интеграцијата во која било меѓународна организација, вклучувајќи ја и ЕУ.’’
🔸 Изјава на претседателот на #Левица проф. д-р Димитар Апасиев за Нова Македонија по повод 120 години од Илинденското востание и 79 години од АСНОМ.
#СФСН
#АСНОМживее

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK