Николоски – Олеснуваме изградба на училишта, градинки, амбуланти, болници и катни гаражи за да се олесни животот на граѓаните

aleksandar-nikoloski.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во вечерашното гостување во централниот Дневник на ТВ Сител, министерот за транспорт Александар Николоски понуди подготвеност да се изработи целосно нов Закон за урбанистичко планирање кое би го работела комисија од хетероген состав со претставници од најрелевантни невладини организации.

„Она што сакам еве вечерва да го понудам од тука еве нова работа да изработиме целосно нов Закон за урбанистичко планирање кое ќе ги опфати сите сегменти и сите сектори кој би го работела комисија од хетероген состав во кој би имало претставници од најрелевантните невладини организации, здруженија на граѓани што ќе е прв пат во историјата на изработување на закон да здружение на граѓани, односно невладини организации бидат вклучени од самиот старт на подготовка на законот“, посочи Николоски.


Тој исто така додаде дека со измените сто се донесоа ќе се олеснат постапките за изградба на здравствени и образовни објекти и катни гаражи.

„Факт е дека на Македонија и треба нов Закон за урбанистичко планирање. Ова што вчера го донесовме во Собранието се едни мали измени кои пред се се’ насочени кон олеснување на процедурата за изградба на училишта, градинки, амбуланти, болници и катни гаражи во 100% државна или општинска сопственост финансирани исклучиво од буџетот или буџетот на општините и затоа всушност ниеден амандман не поднесе никој од опозицијата и никој не побара збор од опозицијата нити од ДУИ, Левица или СДСМ нити на комисијата, нити на пленарната седница против овој закон“, истакна Николоски

Министерот Николоски потенцираше дека за овој закон освен отпор од едно здружение, засега нема забелешки од други субјекти.

„Јас еве нудам да изработиме заеднички нов Закон за урбанистичко планирање кое ќе ги опфати сите нивни грижи затоа што во овој закон тие работи воопшто не се опфатени“, објасни министерот Николоски во Дневникот на ТВ Сител.

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK